Попишувањето ќе се врши пред вратите или во дворовите на куќите и становите. Државниот завод за статистика е подготвен најголемата статистичка операција да се спроведе по протокол без да се доведе во опасност здравјето на граѓаните. Одложување засега нема, а тоа може да го побара само Комисијата за заразни болести. Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски тврди дека попишувањето е побезбедно од одењето во продавница.
Лицата кои се во изолација ќе се попишуваат со посебни мерки. Конкурсот за реонски инструктори и попишувачи заврши. Во понеделник ќе се знае вкупниот број на пријавени.
Во меѓувреме се поголем е отпорот кај голем дел од граѓаните кои бараат поради тешката епидемиолошка ситуација пописот да се одложи, зошто во спротивно ќе се стави во сериозен ризик јавното здравје. И опозициската ВМРО ДПМНЕ побара пописот да се одложи за септември за да биде кредибилен. Други пак бараат тој да се одржи во април 2022 година и најавуваат дека доколку тоа не се случи ќе отпочнат со кампања за бојкот „Не отворај врата“.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












