Велосипедско дефиле во Скопје
Во рамките на Европската недела на мобилност 2018 година, денеска во Скопје ќе се одржи велосипедско дефиле.

Велосипедистите ќе тргнат од Порта „Македонија“ и ќе возат до Школка во Градскиот парк, каде ќе следи забавна програма, а повеќе среќни добитници преку лотарија ќе добијат велосипеди, како симбол на користење на алтернативни превозни средства.
На велосипедското дефиле ќе се приклучи и министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.
Настанот е организиран од страна на Град Скопје, се поддршка на Канцеларијата на Европската делегација, Министерството за животна средина и просторно планирање и „Прв до врв“.
На одредено време додека е во тек дефилето ќе бидат затворени повеќе улици, односно тоа се улиците од трасата на дефилето кои посебно го зафаќаат центарот на Скопје, избегнувајте го автомобилот денеска.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















