Подгответе се за снег, мраз и хаос: Европа ја очекува најстудениот 31 октомври во последните 100 години

956

Европа ќе биде зафатена од студен бран кон крајот на овој месец. Метеоролозите предвидуваат до 10 сантиметри снег на планините во Шкотска, а не ја исклучија ниту можноста дека иста судбина ќе ѝ се случи и на Британија, односно Лондон.

“До крајот на оваа недела речиси е извесно дека голема количина на снег ќе падне во Велс, јужниот дел на Лондон и централните делови на Англија. Снегот секако ќе предизвика проблеми, но не како оние кои граѓаните ги имаат во зима. Засега не е познато каква ќе биде зимата”, истакна метеорологот Џејмс Меден, додавајќи дека во краевите каде нема да има снег ќе има обилни врнежи од дожд.

За некои седум дена се очекуваат големи врнежи од снег, а исто така има и лоши вести за љубителите на празникот Денот на вештерките, 31 октомври ќе биде најстудениот ден во последните 100 години.

“Се очекува дека на 31 октомври снегот дополнително ќе биде засилен, а температурата ќе се спушти на -7 степени Целзиусови. Тоа е незапаметено во последните 100 години, бидејќи последниот пат кога 31 октомври беше најстудениот ден беше во 1926 година, кога биле измерени -10 степени Целзиусови”, додава тој.

Ноември во Британија ќе биде значително постуден од овој месец и врнежите од снег ќе бидат со посилен интензитет.

Она што треба нас да не загрижи е дека постои можност овој бран од Велика Британија да се прошири и на останатите делови од Европа, па дури и Балканот.

Во принцип установено е дека временската прогноза говори дека снег на овие простори нема да има до декември, но не се исклучува ниту можноста дека циклонот кој носи студено време и врнежи лесно се шири и на другите делови од континентот.