Почнал најстрогиот карантин во земјата која денеска не забележала ниеден случај, а интернетот е полн со фотографии

989

Едно од најстрогите заклучувања во Австралија започнало денеска, а владата забранила секакви собири на отворено, вклучувајќи и свадби, погреби и испорака на храна.

Целта е, како што навеле властите, на време да се сопре почетокот на ширењето на коронавирусот во Јужна Австралија.

Фотографиите на социјалните мрежи ги покажуваат празните улици на Аделаида, главниот град на Јужна Австралија.

Жителите купиле се од продавниците ден претходно за да се снабдат со намирници, пренесува “Reuters”.

Државата од 1,8 милиони жители забележала 23 нови случаи откако неодамна се појавило ново жариште.

Во четвртокот не бил забележан ниеден нов случај, но 3.200 луѓе се во карантин бидејќи биле во контакт со заразен, рекол Никола Спјуриер, шеф на здравствената служба на таа земја.

Властите вовеле шестдневно заклучување, додека државниот премиер објаснил дека до засилување на мерките дошло поради патник кој се вратил од Велика Британија.

“Моравме да ја воведеме оваа екстремна мерка, воедно важна интервенција, за да го прекинеме почетокот на ширењето на короанвирусот”, рекол премиерот Стивен Маршал.

Тој додал дека Австралија ја зафатил многу непријатен вид на коронавирусот. “Тој вид воопшто не покажува симптоми кај заразените”, додал тој.

Здравствените експерти, меѓутоа, велат дека не е јасно дали во Јужна Австралија навистина влегол нов вид на вирусот, бидејќи генетски податоци не се достапни.