Почина славниот новинар Лери Кинг

53

Еден од најпознатите американски телевизиски новинари Лери Кинг почина во саботата во 87-та година од животот, објавено е на неговиот официјален акаунт на Twitter.

„Со длабока тага (студиото) Ora Media соопштува за смртта на еден од нејзините основачи, водетелот и пријател Лери Кинг, кој почина утрово на 87-годишна возраст во Медицинскиот центар Седар-Синаи во Лос Анџелес“, се наведува во соопштението.

„Во текот на 63-те години работа на различните платформи, како радио, телевизија и дигиталните медиуми, Лери направи илјадници интервјуа, доби бројни награди и светски признанија, кои сведочат за неговиот единствен и траен талент“, се додава во објавата.

На 2-ри јануари телевизиите ACB News и CCN објавија дека славниот новинар е хоспитализиран порад болеста предизвикана од коронавирусот SARS-CoV-2.

Телевизискиот водител стана познат по својата емисија „Larry King Live“ која ја водеше од 1985 до 2010 година. Кинг во текот на тие години интервјуираше повеќе од педест илјади политичари, актери, спортисти и други славни личности.

Кинг за својата работа беше наградуван со престижните награди Еми, како и две награди Пибоди, а е и десеткратен лауреат на признанието Cable ACE.

Во 2013 година Лери Кинг предизвика бранувања кога правата на своите телевизиски емисии ги продаде на руската меѓународна телевизиска мрежа RT America, каде што и продолжи да работи.

Во 2017 година Кинг обелодени за својата борба со ракот на белите дробови, а во април 2019 година беше подложен на ангиопластика.