По Хрватска, и Словенија пријави рекорден број на заразени – дел од земјата на германската црвена листа

540

Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени рекордни нови 387 случаи на инфекција со Ковид-19, на 3.665 направени тестови, објави словенечката влада.

Оваа информација доаѓа откако и во соседната Хрватска беше пријавена рекордна дневна бројка од 542 позитивни случаи.

Во Словенија и вчера имаше рекорд од 356 новозаразени на скоро четири илјади тестови, но денеска тој број е надминат со +31.

Бидејќи во земјата има 116 случаи на 100.000 жители, Германија прогласи уште четири словенечки региони како епидемиолошки ризични, па затоа за луѓето од поголемиот дел на земјата е потребен негативен тест за корона при влез во Германија.

Бидејќи бројот на хоспитализирани лица е во пораст, владата нареди да се отворат нови ковид-оддели во болниците и т.н. црвени зони во домовите за стари лица.

Претставник на владиниот експертски тим синоќа изјави дека со сегашниот негативен епидемиолошки тренд, бројот на лица заболени од ковид во болниците може да се искачи на околу 300, односно дека за две недели ќе биде појасно дали новите ограничувачки мерки дале резултат.