Платите на полицијата со априлската исплата пораснаа за 10 проценти. Тоа е покачување на примањата на над 12000 граѓани. Ова е реализација на уште едно ветување на Владата со кое се работи на создавање на промени и враќање на достоинството на гаранторите на безбедноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Со години полицијата беше омаловажувана и беше рушено нивното достоинство. Единица мерка за криминал и заштита на криминалците беше поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Од ортак на криминалните кланови Грчец и Арачиново кои останаа нечепнати поради услугите за избори кои ги овозможуваа на СДС, до некадарни и криминогени началници на Спасовски кои го рушеа угледот на полицијата.
Оваа Влада денес работи на враќање на довербата во полицијата и мотивирање да го спроведуваат законот и чуваат редот.
Покачeните плати се уште еден показател на борбата на Владата за секој еден човек и неговата иднина. Разликата е видлива, промените се случуваат, стои во партиското соопштение.














![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)



















