Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во понеделник во 16:00 часот закажа средба на Советот за безбедност на кој покрај стандардните членови ќе присуствуваат и министерот за здравство и првиот човек на Генералштабот на армијата, информираше Пендаровски на денешното обраќање од претседателската резиденција на Водно. Неразбирлива е итноста, поради која и го оддржа пресот, а Советот е закажан дури за понеделник, т.е. за цели три дена од денеска?
Во текот на своето излагање, Пендаровски сподели и размисли за полициски час, воена состојба и вадење на војската на улица, што било краен избор и за кое во моментов, според него, не се размислувало.
Исто така, во врска со изборите и нивното оддржување, пренесе дека постојат различни начини за оддржување на предвремените парламентарни избори, меѓу кои било и гласањето по пошта, кое се изведувало во повеќе земји во светот.
Како што кажа тој, на состанокот на Советот за безбедност ќе се разговара за состојбата со корона вирусот, како и за сите мерки коишто се на располагање во случај на ескалација на состојбата.
На прес-конференцијата и претходеше мерење на температура на новинарите и снимателите, за да потоа обраќањето се оддржи на отворено.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















