Парондо и ракометарите на Египет нападнати од разулавените навивачи на Тунис (ВИДЕО)

117

Во финалето на Африканското ракометно првенство, селекцијата на Египет, која од клупата е предводена од поранешниот стратег на Вардар, Роберто Парондо, го совлада Тунис со 27-23, а покрај континенталната титула, обезбеди и настап на Олимписките игри.

Победата на Египет е уште позначајна бидејќи го совладаа својот најголем ракометен ривал на гостински терен пред 12.000 воинствено расположени противнички навивачи. Средбата беше обележана со нереални сцени, а натпреварот беше прекинат во еден момент кога локалните навивачи започнаа да ги напаѓаат Египќаните со разни предмети.

Во оваа прилика, еден од играчите на египетската селекција беше погоден, Парондо и останатите набрзина беа евакуирани од паркетот. Паузата траеше неколку минути, но натпреварот некако заврши. За популарните „фараони“, ова е седми титула на Африканскиот куп на нации и слатка одмазда на Тунижаните за поразот од пред две години.