Поддржувачите и обожавателите и честитаа во коментари и посакаа уште поголема бројка за која повторно и повторно ќе наздрават и слават
Елена Ристеска деновиве е активна со промоција на новата песна „Срца се погреше“ која ја сними во дует со српската пејачка Данијела Кариќ.
По тој повод таа изнесно време престојуваше во Белград каде се појави како гостинка во неколку ТВ емисии. Откако се врати од Србија, на домашен терен ја дочека вистинско изненадување.
Имено, по повод 101 илјада следбеници на нејзиниот Инстаграм профил, нејзините пријатели и приредија специјално изненадување во еден скопски ресторан, каде масата била декорирана со балони кои ја симболизираат бројката на нејзините виртуелни следбеници.
Она кога имаш среќа и подарок од Господ да имаш совршени другари и блиски луѓе. Кои наоѓаат повод да те направат најсреќна на свет и да те изненадат. Во случајов по повод 101.000 следбеници успеаа да не ги “провалам” дека нешто подготвувале, напиша Елена во описот на фотографијата.