Во Европската унија од денес е забранета продажба на цигари со вкус на ментол, по четири години од нивното постепено повлекување од пазарот.
Директивата за цигари, усвоена во 2014-та година, стапила на сила во 2016-та година, но производите од пазарите со удел поголем од три проценти, како цигарите со вкус на ментол, биле исклучок се до денес.
Овој вид на цигари сочинувал пет проценти од пазарот во 2012-та година, и неговиот удел растел на почетокот на 21-виот век, што ги загрижувало законодавците. Меѓутоа, нивниот удел на пазарот од 2018-та година и натаму бил пет проценти.
Научните истражувања покажале дека аромите, како ментол, ја олеснуваат инхалацијата и можат да ги поттикнат младите да пушат. Тие исто така предизвикуваат поголема зависност.
ЕУ била вознемирена и од фактот што 700.000 прерани смртни случаи се припишуваат на пушењето, и покрај намалениот број на пушачи во Европа од 40 проценти во 2002-ра, на 28 проценти во 2012-та година.
Во Полска, каде ментол цигарите сочинуваат 30 проценти од пазарот, според податоците на Економската комора, забраната изненадила бројни пушачи. Околу 51 процент од испитаниците, според една анкета, една недела пред стапувањето на забраната, не знаеле за оваа директива, а 20 проценти од нив се подготвени ментол цигарите да ги набавуваат на црниот пазар.
Потрошувачите во Холандија се подготвиле така што обезбедиле резерви, јавуваат локалните медиуми.