Ова го прават лекарите за да се заштитат од коронавирус: 10 совети од прва рака!

428

Носењето маска и ракавици е задолжително, но и овие постапки значително ќе ви помогнат да се заштитите

Лекарите се во постојан контакт со заразените и се изложени на најголем ризик и тие да се разболат, па нивната претпазливост е на највисоко ниво. Сигурно досега сте дознале за многу начини на заштита, но најдобро е да ги чуете од прва рака, од луѓето кои секој ден се изложуваат на најголем ризик.

Зачестено миење раце

Ова е најдобриот начин на превенција, но брзото измивање нема многу да помогне. Не е само важно да користите сапун, туку мора да ги миете рацете и доволно долго.

Ја соблекуваат облеката штом влезат дома

„Чевлите, капутот или кое било друго парче може да биде дом за вируси и бактерии, па ги соблекувам веднаш штом влезам во станот“, вели Џен Браун, доктор во клиника во Њујорк.

„Во овој период ја перам гардеробата штом влезам дома, додека јакната или капутот ги оставам на жица да се проветрат.“

Не им ги даваат своите работи на други луѓе

Дури и обичното пенкало може да биде легло на зарази. Доктор Сонпал вели дека секогаш си носи свое пенкало и не го позајмува на други, како ни останатите работи што ги користи во текот на денот, за да биде сигурен дека нема вируси на тие површини.

Го чистат воланот на автомобилот

Ако возите автомобил, го допирате и воланот, а доколку претходно не измиете раце, на него ќе му ги пренесете сите бактерии, кои само ќе е натрупуваат. „Секогаш во автомобилот имам влажни марамици со алкохол или мало шишенце асепсол“, вели доктор Браун.

Ракувањето е апсолутно забрането

Ариел Левитан, доктор интернист, нагласува дека се ракува со лакт, бидејќи тоа ги намалува шансите туѓите вируси да завршат на вашиот нос, особено за време на пандемија.

Правилно се дезинфицираат

„Ако сте биле во близина на личност која кашла или кива, не грижете се. Имате околу 2-3 часа да се ослободите од вирусите на површината на телото. Измијте го носот, добро измијте ги рацете и соблечете ја облеката што побрзо“, вели доктор Ричард Фишер.

Допираат површини со марамица

Доктор Сонпал своите раце ги покрива со марамче пред да го притисне копчето за лифт или кога сака да ги отвори вратите од тоалетот или автомобилот.

Добро ја чуваат четкичката за заби

Најдобро би било четкичката за заби да ја чувате во некоја кутија, бидејќи на неа може да се соберат бактерии, а на луѓето тоа не им ни паѓа на памет. Вирусите најмногу се задржуваат на влажни површини.

Свеж воздух

Обидете се барем 15 минути дневно да минувате на свеж воздух, па макар и во вашиот двор. Проветрувањето на просториите во кои минувате најмногу време е задолжително.

Важно е да знаете и зошто заштитните маски се носат најмногу 3 часа.