Ова е најеколошката Општина во Македонија

160

На конкурсот за нај еко општина, кој го организираа Пакомак и Шпаркасе Банка победи Општина Берово.

Општина Берово како победничка општина забележала најдобри резултати во трите категории според кои жири комисијата го бодувала еколошкиот придонес на секоја од општините. Прв критериум – бројот и квалитетот на еко проектите во текот на изминатата година, втор критериум – буџетот за екологија по жител и зеленило, и трет критериум – менаџирање на вкупниот генериран отпад на ниво на општина.

Општина Берово, убедливо најмногу поени добила за критериумот Буџет за екологија по жител и зеленило, каде има максимален број бодови, секако, вредни за спомнување се и реализираните проекти за енергетска ефикасност на општинските објекти, акциите за чистење на Беровско езеро и кампањата за јакнење на еколошкта свест.

Второто место и припадна на општина Кавадарци а трето место го завзема општина Велес. За победниците обезбедени се пригодни награди од Пакомак и од Шпаркасе банка. Наградите треба да ги мотивираат сите луѓе од заедницата, да го поттикнат активното учество во борбата за почиста околина, како и да ја подигнат општествената свест.