Со натпреварот Бостон – Филаделфија кој заврши со победа на домашната екипа, ноќеска беше отворена сезоната 2018/19 во најсилната светската кошаркарска лига.
До триумфот со 105:87 Бостон беше предводен од Џејсон Тејтум со 23 поени, девет скока и три асистенции и Маркус Морис кој оствари дабл-дабл ефект – 16 поени и 10 скокови.
Кај гостите од Пенсилванија се истакнаа Џоел Ембид со 23 поени и 10 скока и Бен Симонс со 19 поени и 15 скока.
На другиот натпревар од првиот НБА-лигашки ден во новото првенство, шампионот Голден Стејт ја совлада Оклахома Сити со 108:100.
Вечер во 1 часот по полноќ почнува богатата НБА вечер која ќе понуди 11 натпревари.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















