„Пред сè од здравствени и хигиенски причини, Доланц, Микулиќ и Дороњски одлучија погребот да се одржи без телото на Тито. Во ковчегот што беше изложен во Сојузното собрание имаше песок“, открива д-р Ѓорѓевиќ.
Ни погребот на Јосип Броз Тито на 8 мај 1980 година не поминал без измама од државната безбедност. Овој светски настан бил голем тест за југословенскиот систем на безбедност и тајни служби, бидејќи требало да се обезбедуваат шестотини угледни гости.
Д-р Обрен Ѓорѓевиќ, кој поминал четири децении како професионалец во безбедносните органи и како началник на Српската државна безбедност, тврди дека во сандакот што бил изложен во Сојузното собрание не било телото на Тито – туку песок, пишува Новости.
„Кога почина Јосип Броз, некои членови на Претседателството на Југославија, пред сè Стеван Дороњски и Стане Доланц, сакаа да го балсамираат и да го стават во мавзолеј, каков што има Ленин на Црвениот плоштад. Телото на Тито, меѓутоа, беше преполно со разни лекови и медикаменти, па почна прерано да се распаѓа и да шири непријатна миризба. Пред сè од здравствени и хигиенски причини, Доланц, Микулиќ и Дороњски одлучија погребот да се одржи без телото на Тито. Во ковчегот што беше изложен во Сојузното собрание имаше песок“, открива д-р Ѓорѓевиќ.
Тој вели и дека има луѓе што тврдат дека погребот бил изведен така зашто тогашниот шеф на СДБ ССУП Митја Крајгер стравувал од можна диверзија од страна на емиграцијата.
Се смета дека всушност зад сето тоа стоел министерот на полицијата Стане Доланц, само затоа што се подготвувал да го наследи Тито. За тоа никој ништо не знаел освен Стеван Дороњски, Стане Доланц и луѓето од најтесното обесбедување на Тито. Тоа беше последната Титова измама.