РЕАКЦИЈА И АПЕЛ (Од група на верници)
Во врска со изјавата на Министерот Филипче: Верските лидери да апелираат до верниците да седат дома за празниците, објавена на ден 09.04.2021г, како православен христијанин чувствувам одговорност да го изнесам следново :
Во пресрет на најголемиот и најрадосниот празник – ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ – средиштето, смислaта и суштината на нашата вера, како православни христијани се чувствуваме загрозено, незаштитено и дискриминирано.
Повредени се нашите уставно загарантирани права, а истовремено повредени се и нашите верски чувства. Правото на вероисповед е неприкосновено право загарантитано со Уставот на РМ ( чл.9 и чл.19), Законот за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група ( чл.4) како и со Универзалната Декларација за човекови права и Европската Конвенција за човекови права. Нагласуваме дека согласно чл.54 од Уставот на РМ: и во вонредни околности тоа право не може да биде ускратено. Ограничувањето на слободите и правата не може да се однесува на слободата и правото на вероисповед.
Во контекст на сето горенаведено бараме на сите граѓани од православна вероисповед да ни биде овозможена непречена посета и учество на сите црковни богослужби и секако најпосакуваната – ВОСКРЕСНА СВЕТА ЛИТУРГИЈА.
Во смирен православен дух бараме да не бидеме лишени од нашата насуштна потреба и најголема радост и достојно да го прославиме Христовото Воскресение.
Овој апел го упатуваме до сите релевантни институции на државата и секако закрила и застапништво бараме во нашата МПЦ – ОА.
Да не заборавиме светата православна вера и Црква низ вековите биле стожер и бедем на македонскиот народ кој со Божја помош ги надминувал сите искушенија, така нека биде и овојпат.
Зашто Господ е Сила, Здравје и Живот!
За многу години!
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
Со почит
Верни чеда на МПЦ -ОА















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















