Пејачот Харис Ѓиновиќ и неговата сопруга Мелина веќе две години ја градат својата импозантна вила во белградската населба Сењак, иако планираа да ја завршат многу порано. Убавата дизајнерка открива зошто работата во идниот дом оди толку споро и дали има вистина во тоа дека семејството Ѓиновиќ минува низ тешка финансиска состојба.
Нашата куќа е вистинска мистерија за јавноста. Останавме без пари, па изградбата паузира, рекла Мелина и додала дека таа и Харис не брзаат за да го изградат домот од соништата.
Ја градиме нашата куќа од соништата, не ни се брза никаде, кога тогаш ќе биде готова. Не знам зошто толкава мистерија. Преку глава ми е од прашања за недвижнини, рекла дизајнерката.
Мелина истакнала и дека материјалното во нејзиниот живот воопшто не и е важно и дека вистински дом е таму каде што се нејзините деца и сопругот Харис.