Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија

1288

Унгарскиот премиер Виктор Орбан оцени дека новиот трговски договор меѓу Европската Унија и САД е „неповолен“ и полош од оној што САД претходно го потпишаа со Обединетото Кралство.

„Тоа не е договор… Трамп ја изеде Урсула фон дер Лајен за појадок. Американскиот претседател е тешка категорија во преговорите, додека таа е лесна категорија“, изјави Орбан во унгарски поткаст.

Новата спогодба предвидува 15-процентни царини за повеќето производи од ЕУ, што е значително помалку отколку 30 отсто царини, со кои Трамп претходно се закануваше. Сепак, според Орбан, условите и понатаму се нерамноправни.

Договорот со Велика Британија, склучен на почетокот на мај, предвидува увозни давачки во САД од 10 проценти за широк спектар на стоки, вклучувајќи до 100.000 автомобили годишно.