Хју Грант: Таксист во Париз ми ја киднапираше сопругата

651

Познатиот глумец Хју Грант гостувал во емисијата на Сет Мејерс, Late Night Talk Show и опишал една непријатна ситуација која ја доживеал во Париз, каде бил во присуство на неговата сопруга Ана.

Хју раскажа дека додека со возеле во такси со сопругата, сфатил дека во себе немал готовина за да плати, па го замолил таксистот да го однесе до банкомат. Кога пристигнале до банкомат, Хју погледнал дека банкоматот не е во функција и се упатил назад кон таксистот и сфатил дека лутиот шофер одлучил да си замине со неговата сопруга во автомобил.

“Ме фати паника и ѝ реков на сопругата: “Излегувај од автомобилот!”, а таксистот рече: “Што правиш?”, а јас му одговорив: “Таксиметарот не ти работи, па нема да ти платиме”. Во тој момент замина со автомобилот и мојата сопруга”, рекол Грант, кој истакнал дека на крајот се разрешила ситуацијата.

“Секогаш започнувам расправија со таксистите во Париз”, рече 57 годишниот глумец.