Од старата „здодевна“ тераса направила оаза за уживање: Трансформација која ќе ве импресионира

708

Пролетта официјално пристигна, па иако времето сè уште не личи на вистинска пролет, сега е време да започнете да ја уредувате вашата тераса за да можете да уживате во неа во потоплите денови.

Оваа девојка докажала дека за трансформација на тераса или било кој друг простор не се потребни многу пари туку малку креативност и добра организација.

Таа од старата, потполно празна тераса направила вистинска оаза за уживање и одмор. Сè што употребила е подлога, неколку саксии и цвеќе, неколку столчиња, перници и светилки, а веројатно повеќето од овие работи веќе ги имате во својот дом.

Сè што не користите може да го употребите како декорација, а ова видео нека ви послужи како инспирација како да го уредите овој дел од домот.

Можете да искористите пластична подлога како оваа која таа ја употребила, но убаво би изгледала и вештачка трева. Каменчињата покрај ѕидот се интересен детаљ кој направиле терасата да изгледа уште поубаво, а светилките ѝ даваат посебен печат и создаваат магија.

Погледнете: