Специјалните нуркачи подготвени го започнаа второто продолжување за спасување на опасната операција за извлекување на останатите 8 деца и нивниот тренер од потопената пештера на северот во Тајланд.
“Операцијата повторно започна и сега работиме на тоа да извлечеме уште деца”, рекоа од тајландската морнарица и истакнаа дека истите нуркачи ќе ги спасуваат децата како и во неделата.
Најмалку пет коли на Брза помош пристигнаа до влезот на пештерата додека нуркачките се подготвувале за започнување на операцијата.
Претприемачот од технолошката индустрија и милијардер, Илон Маск, тестира детска подморница за која тврди дека може да послужи за спасување на момчињата заробени во поплавената пештера во Тајланд.
Таа разговарала и со мештаните кои ѝ ја раскажале тажната животна приказна на тренерот. Махтани вели дека останал сираче откако емипдемија го зафати неговото место. Неговите родители и брат му починале, а тој бил префрлен во манастир. После некое време се вратил во локалното село за да се грижи за болната баба.
“Изгледа дека многу им е посветен на децата и фудбалскиот тим”, рекла Махтани и додала дека децата се од мало сиромашно место. Многу жители на тој регион се бегалци од Тајланд и Мјанмар.
“Тоа е толку сила и поврзана заедница. Ова сигурно е најголемата спасувачка акција која некогаш ја доживеале”.
Четирите деца кои се спасени во неделата се префрли во болница во градот Чианг Раи. Секое дете беше проследено со двајца нуркачи, еден пред детото и другиот од страна. Спасувачите во неделата го искористија сувото времето и тргнале во акција побрзо од очекуваното. Првата фаза на спасувањето помина без проблеми, објаснуваат тајландските власти.
Минстерот за внатрешни работи, Анупонг Паокинда рекол за Ројтерс дека децата се во добра здравствена состојба, но не откри детали.
Децата се заробени во пештерата од 23 јуни кога обилните врнежи ја потопија пештерата. Минатата недела нуркачите ги пронашле .