Се планираат измени на Законот за градба со цел сите нови градби, ако е тоа технички можно, да се приклучат на централно греење. Ова беше кажано по средбата меѓу претставниците на Здружението за градежништво и Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
– Според анализите што ги добиваме од БЕГ, станува збор за околу 15-20 згради што не прифаќаат да се приклучат на системот за парно греење, а тоа им го овозможува постојната законска регулатива. Поради тоа ние предлагаме да се промени во Законот овој дел и да бидат обврзани да се приклучуваат на системот за топлинска енергија, секако доколку тоа е предвидено. За да го поттикнеме приклучувањето, цената за приклучок ја намаливме од 3.160 денари на 2.000 денари по киловат – рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Претставникот на Здружението, Андреа Серафимовски, рече дека нивната цел како цел Здружение е да се подобрат условите за работа на компаниите, но и да обезбедат вистински продукт за населението.
– Со Регулаторната комисија разговаравме за Законот за градба и импликациите на греењето, односно се што е потребно крајниот корисник да се чувствува задоволен, а државата да воспостави ред при изготвување на одобренијата за градба – рече Серафимовски.
Бислимоски истакна дека целта е да се воспостави ред и јасни правила во начинот на греење на територијата на целата држава.
– Во цела држава треба да се градат мрежи што ќе обезбедат многу почиста животна средина и кои ќе бидат енергетски поефикасни, но цената на енергенсите да не им претставува значителен товар на граѓаните. Тоа може да се постигне и со поголем број потрошувачи во системот за топлинска енергија, како и со дистрибутивниот систем за природен гас, за кој постапката за избор на партнер е во завршна фаза – рече Бислимоски, додавајќи дека очекува работите да се забрзаат имајќи ги предвид и најавите дека Македонија ќе биде регионален центар за дистрибуција на природен гас.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












