Новиот сопственик на „Рамстор“ најави инвестиции и нови вработувања

155

Бизнисменот Ајдован Адемоски е новиот сопственик на компанијата „Рамстор“ во земјава. Во таа насока, Адемоски кој веќе е прв човек на фирмата „Сити плаза“ на свеченото примопредавање на сопствеништвото,  најави дека до 2025 година ќе инвестира над 100 милиони евра.

Турскиот амбасадор во земјава Хасан Мехмет Секизќок ја поздрави одлуката на Адемовски и посочи дека ова е само уште еден доказ за одличните односи меѓу Македонија и Турција.

Со планираните вложувања, „Сити плаза“ најави зголемување на  капацитетот на трговскиот центар „Рамсторе мол“ и изградба на подземна гаража за овој објект.  Предвидено е отварање на нови  18 супермаркети, како и изградба на  три „Рамсторе Retail паркови“. Во план е изградба и на фотонапонска централа во кичевско. Новите инвестициите треба да отворат дополнителни 700 работни места.