Шпанските медиуми објавија утрово дека ПСЖ и Манчестер Сити не се единствените клубови кои покажале интерес за доведување на Меси.
Наводно, спремен да го доведе Меси е и италијански Интер кој и во минатиот преоден рок се поврзуваше со Аргентинецот.
Договорот на Меси завршува на крајот од сезоната и ако не биде продолжен ќе може да си замине бесплатно. Меѓутоа Барселона сигурно нема лесно да се откаже од Меси. Клубот во јануари ќе добие нов претседател, а прва задача на новото раководство ќе биде договорот на Меси.
Но, „Диарио Гол“ утрово објави дека Меси нема добар однос со неколку соиграчи и дека воопшто со нив не комуницира. Наводно нив им смета тоа што тој не се однесува како вистински капитен и разговара само со оние со кои се познава подолго време.
Според информациите играчите кои се спротиставиле биле: Тер Штеген, Рики Пуиг, Дембеле, Умитити и Жуниор Фирпо. Нив им пречело што Меси се уште не донел одлука за неговиот статус во Барселона и јавно го кажале тоа во соблекувалната, а на Аргентинецот тоа не му се допаднало.
Јасно е дека ситуацијата во Барселона во овој момент не е добра, а ќе видиме дали ќе се промени нешто со доаѓањето на новиот претседател.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



