Нови потресни снимки од Италија – болниците преполни со ковчези, а заразените пациенти се сè помлади! Порака за цел свет: „Заклучете се“

476

Собите во италијанската болница во Кремона, градот во покраината Ломбардија, повеќе не се исполнети со медицински работници и луѓе на кои што им е најпотребна помош туку со ковчези.

Ги има толку многу што болничката капела сега добила нова намена. Семејствата на починатите не се, и во скоро време нема да бидат во можност да се збогуваат со своите најдраги и сакани. Во Италија тоа е реалност – луѓето умираат сами.

За работата да биде уште пострашна, пациентите кои што завршуваат фатално се сè помлади и помлади, што досега не е забележана ваква ситуација никаде на друго место во светот кога станува збор за коронавирусот, кој што како што знаеме најмногу ја напаѓа постарата популација.

Докторката Емануела Катаначи за светот има само една јасна порака: „Заклучете се“.

Да ве потсетиме, досега во светот има над 340.000 заразени од коронавирусот, а починати 15.000 и закрепнати 99.000 луѓе.

По Кина, најголемото жариште на коронавирусот е Италија каде што има над 59.000 заразени, а во црната статистика ја престигна и Кина откако во борбата против коронавирусот изгуби речиси 5.400 граѓани.