Никола Груевски: „Ако одам јас, ќе одиш и ти“ – Катица му се заканила на Заев

911

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пак се огласи Фејсбук со подолг напис осврнувајќи се на актуелните случувања, при што ги спордеува со времето кога тој беше на власт.

На почетокот, во воведниот дел наведува дека на пазарот во Струмица има многу појасен критериум за се, за да нафарли уште неколку поенти кои ги третира во текстот.

Едно зборуват, обратно прават: градат перцепција за транспарентност а ги судпендираа критриимите за унапредувањето на судиите, кршат закони и одат на телевизија да ги нападнат претходните за она што го направиле пред 30 минути, посочува Груевски и додадава дека се прекршени роковите во Законот за заштита на приватноста со цел да ги избришат своите компромитирачки матерјали. Потоа дека имало тајна понуда на Заев до Јанева пред околу половина година; зградата на градот ќе се продавала, ама не заради недоволен простор. Прочитал некаде дека деновиве кога Судскиот совет бирал судии имало очигледно лобирање по телефони кај речиси сите од нив. Па, потоа истите некаде напишале дека тоа било исто како во време на ВМРО.

„Не, имаше многу слабости, но никогаш вака не било. За оние кои ги интересира темата, еве појаснување. За оние кои не ги интересира, има многу други можности да ги потрошат следните 10 минути, потенцира Груевски.

Тој знае дека некои луѓе ќе коментираат со неверување, но тој вели дека тоа е вистината.

„Наследивме, судство, систем, пракса и закони каде станувањето судија и унапредувањето со децении, можеби и отсекогаш беше речиси без никаков сериозен и објективен критериум или ако имаше критериуми тие беа субјективни и многу лабави и еластични, што речиси како и да ги немаше (од типот “истакнат правник“ без прецизна и мерлива дефиниција што е тоа и слично).

Таквиот систем остава, би рекол и стимулира, простор за лобирање. Кога од 50 кандидати за едно унапредување, секој може да биде избран, односно на некој начин сите ги исполнуваат условите, природно следува лобирањето, не само на Балканот каде сето тоа е помалку софистицирано, туку и каде било.

Никој, ништо, никогаш, СУШТИНСКИ не променил во врска со тоа, и покрај многуте “реформи” во судството, се до големиот реформски пакет во ноември 2010 кој стапи на сила две години подоцна.

Очигледно никому не му одговарало во тој дел да има промена“, објаснува поранешниот премиер.

Груевски истакнува дека во првите неколку години, додека најмногу бил фокусиран на економските политики, сигурно и во тој период, пред стапувањето на сила на пакетот нови реформски закони, постоела можност да има лобирања и дека денешните критиките кон нив како тогашна политичка гарнитура во однос на назначувањата и унапредувањата на судии се однесуваат главно на тој период. Периодот пред промените, пред носењето и стапувањето на сила на еден голем пакет реформски закони во судството, со кои „тектонски“ се поместиле состојбите во областа на назначување судии и нивно унапредување. Не само на хартија туку и во пракса.

Практично, смета тој, нивното владеење во овој дел има две етапи: пред и по стапувањето на сила реформскиот пакет закони во судството.

„Во 2009-тата на моја иницијатива се формираше една поголема група експерти и преставници на институции, и освен од нив се побараа предлози и мислења во писмена форма од 70-тина други авторитети во областа, тргнувајќи од поранешни и тогашни судии и обвинители, голем број адвокати, странски консултанти, универзитетски професори и други авторитети во областа, а на крајот сето тоа го помина и филтерот на ЕУ.

По една година работа се произведоа многу и многу крупни промени заради чии обем ќе се задржам само во делот на ова што е тема деновиве во јавноста-системот на унапредувањата“, нагласува Груевски.

За почеток со закон се одреди дека судија може да се стане само со претходно завршена две годишна АКАДЕМИЈА за судии и обвинители (претходно можеше и со и без тоа), за чии прием на таа Академија воведовме исто така јасни и мерливи критериуми и бројни сложени и без можност за лажирања, интервенции и слично, објаснува Никола и посочува дека вовеле ТЕСТИРАЊА, меѓу кои и стручен тест, тест за интегритет, психолошки тест, меѓународна диплома за познавање одредено ниво на англиски јазик , најмалку просек 8.00 на факултет, постдипломски студии и др.

Потоа дека за прв пат со закон е воведено т.н. кариерно унапредување, поточно дека може да се стане судија, прво само во Основен суд, а не како претходно да може и директно во Апелација или Врховен суд (за ова и денес има дебати за и против, главно од проминентните адвокати чии аргумент е дека со долгото искуство се доволно квалификувани и дека доколку сакаат да преминат во судии нетреба академијата и кариерното унапредување да важи за нив).

Било пропишано дека мора да се поминат извесен број години, најмалку четири години работа и искуство во тој Основен-првостепен суд, пред да може судијата да се квалификува да конкурира за унапредување.

А за тоа, кој потоа ќе биде унапреден од повеќе можни кандидати, се воведени многу ЈАСНИ И МЕРЛИВИ КРИТЕРИУМИ за унапредување на судиите, потенцира и додава и како најважно, по стапувањето на сила на законот доследно и БЕЗ НИТУ ЕДЕН ИСКЛУЧОК се почитувале од страна на судскиот совет.

„За жал, по доаѓањето на СДСМ на власт, судскиот совет под притисок на владата ПРЕКИНА ДА ГО ПРИМЕНУВА ЗАКОНОТ и критериумите во него и оттогаш судиите се бираат како што било децении наназад, независно дали некогаш бирал судии Судскиот совет или претходно Парламентот. Коментарите на противниците на оваа реформа беа дека било премногу регулирано како никаде на друго место, дека Судскиот совет ја загубил важноста и само можел да констатира, а не и да има право на избор и слично.

Никогаш дотогаш, до донесувањето на законите и нивната примена две години потоа, немало таква прецизна и детална регулатива, што веројатно на многумина не им одговараше така да остане и потрошив многу енергија и време да ги убедам противниците на реформата најпрвин во сопствените и коалиционите редови.

Се воведе БОДИРАЊЕТО. Секој судија низ секојдневната своја работа зависно од учинокот добива или губи одреден број бодови кои тој си ги знае во секој момент и секој друг судија ги знае тековно бодовите на секого. Се воведоа квантитативни и квалитативни критериуми.

Дел од КВАНТИТАТИВНИ КРИТЕРИУМИ беа бројот на изработени предмети, но со ТЕЖИНСКИ ФАКТОР, кој како методологија го изработија луѓе од фелата и на тоа никој не приговараше (не може исти бодови да се добиваат за случај на мала сообраќајна незгода со скршен фар и на комплицирано убиство или судење на поголема криминална банда, за кои секако треба многу повеќе работа, читање, енергија, потрошено време, ризици итн кај судијата).

Воведовме и КВАЛИТАТИВНИ КРИТЕРИУМИ, а едно од тоа беше дали пресудата е потврдена, преиначена или поништена од повисок суд, па согласно тоа се добиваа или губеа бодови.

Имаше и многу други, многу прецизно утврдени детали и процедури, кои и денес постојат во Законот, но по 31 мај 2017, наместо по неколкугодишна пракса да се зацврстат критериумите онаму каде се забележале слабости, со доаѓањето на власт на СДСМ, се случува обратен процес“, констатира Груевски.

Тој не тврди дека се било идеално обмислено и спроведено, но за прв пат секој чесен судија имал зацртан правец и силно охрабрување со чесна и макотрпна работа, со мотив за давање отпор на влијанија да може да напредува. Тоа било само прва фаза на спроведување, идејата била по утврдувањето на слабостите по неколку годишна примена, со дополнителна легислатива да се зајакне тој систем и да стане уште поправичен и по мотивирачки за чесна и ефикасна работа на секој судија.

Што се случи?

„Наместо како што претходно во сите ситуации при унапредувањата се почитуваа резултатите од бодирањата како резултат на работата на судиите, потоа, по 31 мај 2017 и смената на власта, речиси во ниту еден случај не се почитуваат.

Така, ако се почитуваа законите, немаше деновиве да има простор за лобирања и одлагање на седницата на судскиот совет. Но, немаше да може, ниту Заев, ниту којбило од власта да ветува и исполнува унапредувања на судии ако пресудат по нивна нарачка.

Ќе се знаеше кој од кандидатите има најмногу бодови, односно кој најмногу и најквалитетно сработил, тој оди напред во кариерата (повисок суд или претседател на судот во кој работи). Сега може, како што и веќе се практикува во последните две и половина години, не само првиот, туку првите 10 највисоко рангирани/бодирани судии кои конкурирале за унапредување да небидат избрани, а да се избере на пример единаесетиот и триесетиот за судии на Апелација или од Апелација во Врховниот суд. Значи, без дури да се промени Законот кој го донесовме во ноември 2010 година, а стапи на сила две години подоцна, со враќањето на СДСМ се врати старата пракса на избор на судии. Не вреди да се прозива обвинителството да отвори истрага за ова грубо непочитување на Законот за судови бидејќи нема да го направат тоа. Не смеат. Бидејќи истрагата ќе заврши во врвот на владата.

Кој е денес мотивот на судиите во една ваква ситуација да судат чесно, правично, брзо и согласно закон. Нема таков мотив веќе.

Но има нов мотив, да судат како што ќе им кажат тие кои имаат моќ да лобираат затоа што тоа е начинот како може да бидат наградени, односно унапредени. Неважно е колку предмети и за колку време ќе изработат, ниту пак како тие ќе поминат на повисоките судови“, вели поранешниот премиер во написот на Фејсбук.

Груевски посочува дека сличен систем една година подоцна е воведовен и за вработување и унапредување во админситрацијата. Бидејќи донесвањето на овој закон не било со двотретинско законодавството, новата власт го сменила Законот за администрација и критериумите драстично ги разлабавила, за да се вработува и унапредува со субјективни одлуки.

„Но, штом никому не му пречи ова, нека се тера така…

Кој не верува за ова што го пишувам нека провери. Се е проверливо. Кој не сака да верува, нека плука и наведува“, категоричен е Груевски.

„П.С. Неодамна објавив дека две недели пред апсењето Катица Јанева го задолжила обвинителот Пеливанов да преслушува снимки поврзани со Заев. Ми пренесоа дека имало реакции дека тоа не е точно, по што извршив дополнителна проверка и имам мала исправка. Имено, при пренесувањето на информацијата ми беше кажано дека нејзин близок соработник по потекло од Кавадарци го правел тоа заради што така напишав. Всушност, друг нејзин близок соработник од Кавадарци ја добил таа должност, еден од истражителите, извесен Атанас. И не две недели, туку еден до два месеци пред апсењето.

Но, поентата беше дека попусто го правеле тоа, затоа што Заев претходно, пред да ги предаде матерјалите во СЈО внимателно ги отстранил сите компромитирачки снимки за него. Токму затоа и имаше огромно доцнење со предавањето на снимките на СЈО. Формално се предадоа еден месец по истекот на законскиот краен рок, согласно Законот за заштита на приватноста. Овој закон Заев одлично го знаеше, бидејќи само една недела пред неговото донесување лично учествуваше во неговата подготовка и прифаќање одејќи во детали член по член.

Тоа е формалното предавање на аудио матерјалите. Неформално уште околу половина месец подоцна, кон средината на јануари, една вечер во фабриката за правење керамиди на Заеви ,,Еленица” во Струмица, Заев ги има предадено на Јанева, лично на рака.

Потребата внимателно да острани се што е компромитирачки за него беше посилна од факот што порано или подоцна сите незаконски прибавени аудио матерјали во форма на копија и не споредена со оргиналот, како и невештачени, ќе паднат во судска постапка во земјата или во Стразбург. Меѓудругото и заради прекршување токму на роковите за предавање на аудио матерјалите во Законот за заштита на приватноста“, потенцира Груевски.

Во вториот пост скриптум вели дека некаде во период март-април оваа година, Катица Јанева за прв пат е поканета во премиерскиот кабинет со назнака да не влегува од главниот и официјален влез, туку од директниот влез во премиерскиот кабинет од гаражата на владата, кој се користи при пристигнување и заминување од работното место на секој досегашен премиер. Претходно Јанева доаѓала од официјалниот влез на владата. По средбата Јанева вознемирено известила свои блиски лица дека и било предложено да се повлече од функцијата со образложение дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати продолжување на СЈО на чело со неа. Како што вели Гревски, предлогот бил, таа да се повлече, а СДСМ да го задржи СЈО како свој инструмент во политиката на чело со друг нивен човек, а подоцна по смената на претседателот на Врховниот суд (очигледно уште тогаш планирана), Јанева да биде промовирана во претседател на истиот.

Според него, Јанева, која меѓудругото била свесна дека по сегашните закони не може да биде назначена за претседател на Врховниот суд, остро се спротиставила со зборовите: „Ако одам јас, ќе одиш и ти”. Но засега не е така. Сепак, Заев знаел на што мислела кога го рекла тоа…

Груевски се осврнува и на продажбата на зградата на Град Скопје.

„П.С.3. Неточна е информацијата дека зградата на град Скопје е премала да ги собере сите вработени, па од таа причина ќе се продава. Од разговорите со надлежните во минатото знам дека димензионирана е според потребите на Градот, плус со одредена резерва во просторот. Од тие причини, за да има повеќе резервен простор салата за седниците на Советот на градот била ставена во соседната зграда на “Водовод и канализација”, ЈП чии основач е градот Скопје. Информацијата дека зградата која е на 100 метри воздушно од владата, не е во центарот на градот нема да ја коментирам, бидејќи деновиве беше доволно изложена на подсмев во јавноста. Во зградата има дури и простор и за бројните новопримени партиски војници на СДСМ“, тврди Груевски.