Жозе Мурињо потрошил повеќе пари на играчи од било кој друг менаџер во историјата.
Жозе Мурињо е навистина фантастичен менаџер и во својата кариера имал големи успеси со Порто, Интер, Челзи, па и со Реал и Манчестер Јунајтед.
Меѓутоа, Португалецот воглавно водел големи проекти и тимови, кои му овозможувале и големи трансфери.
Тој во текот на своите 19 години тренерска кариера потрошил вкупно 1,40 милијарди фунти на 97 играчи. Негова најскапа аквизиција е Пол Погба чиј трансфер чинеше 89 милиони фунти.
Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти потрошил 1,11 милијарди фунти на 85 играчи, а во својата кариера ги тренирал Реџиана, Милан, Реал Мадрид, Челзи, Баерн и сега Наполи.
Најскапо негово засилување е Герет Бејл кој во Реал пристигна од Тотенхем за 86 милиони фунти во 2013. година.
Трет на листата е Пеп Гвардиола кој има купено најмалку играчи меѓу петте најголеми тренери-трошаџии, но факт е дека и за нив потрошил повеќе од милијарда фунти.
Негово најскапо засилување во кариерата е Родри од 62,5 милиони фунти, кој ова лето пристигна во Манчестер Сити.
Мануел Пелегрини е четврти на листата, а тој беше тренер на Реал кога клубот за 80 милиони фунти го доведе Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед во 2009. година, а истиот преоден рок во клубот пристигнаа и Кака, Бензема и Чаби Алонсо.
Петти на листата е Масимилијано Алегри, кој е тренер веќе 16 години, но најголемото негово засилување е Роналдо, кој пристигна минатото лето за 98 милиони фунти во Јувентус.
Алегри исто така во 2016. година го потпиша Игуаин за 75,3 милиони евра.