НЕОФИЦИЈАЛНО: Повторно се воведува полициски час во Македонија

237

Комисијата за заразни болести размислува да предложи до Владата да се воведе полициски час од 22 часот, пренесува Локално.мк.

Вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени лица, односно 317 случаи со Ковид-19 од 1.990 тестирања во изминати 24 часа. Во болнички услови починати се четири пациенти, а регистрирани се 104 оздравени пациенти.

За денеска во 14 и 30 часот е закажана прес конференција на Министерот за здравство Венко Филипче кој ќе ја информира јавноста доколу има некакви заострувања на мерките.