Нема заинтересирани: Мексиканскиот претседател веќе три години го продава луксузниот авион

146

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор веќе три години се обидува да го продаде претседателскиот авион, меѓутоа очигледно нема преголем интерес.

Откако ја презеде должноста на 1-ви декември 2018-та година, претседателот Обрадор одлучи да го продаде авионот „Боинг 787“ затоа што бил премногу луксузен и скап за одржување.

Обрадор важи за претседател кој е прилично штедлив, патува со комерцијални летови и ретко оди во посета на странска држава. Тој денеска призна дека авионот тешко е да се продаде дека е премногу специјализиран и направен по нарачка.

Авионот е купен за 200 милиони долари и го користеше администрацијата на претходниот претседател Енрике Пења Нието.

Дизајниран е за превоз на 80 патници и има комплетен претседателски апартман со приватен тоалет.

Според експертите, интересот за овој авион е мал затоа што премногу скапо е да се претвори во патнички авион кој би имал до 300 места.