Поранешниот фудбалер на Порто, Зенит и бразилската репрезентација, Гиванилдо Виеира де Соуза сега игра во Кина за SIPG од Шангај, каде со месеци минува низ љубовна драма.
Хулк се оженил со згодната внука на својата поранешна сопруга. Фудбалерот, како што пишува британски “Mirror”, во декември ја потврдил врската со згодната Камила, а потоа одненадеж решил да се жени.
По 12 години брак Бразилецот во јуни минатата година се развел од сопругата Иран Анџело. Набрзо ги заинтригирал медиумите со објава на фотографија со русокосата Камила. Во описот пишувало “оженет”. Објавиле и неколку фотографии на кои се гледа венчален прстен.
Како што пишуваат аргентинските медиуми, на Камила и е потребна виза за да остане во Кина и затоа парот толку брзо се одлучил за брак.
Фудбалерот од бракот со поранешната сопруга има три деца.
Менаџерот на Хулк претходно ја информирал јавноста за приватниот живот на фудбалерот.
“Им се јави на родителите и на братот на Камила да им ја каже вистината. Сосема е отворен бидејќи се обидува да избегне лаги и злонамерни коментари”, пишува во соопштението.
Хулк во текот на кариерата одиграл 47 натпревари за Бразил. Ја претставувал својата земја на Олимписките игри во 2012-та година и Светското првенство во 2014-та година.
И покрај објавите на Инстаграм, Хулк уште официјално не ја потврдил веста за венчавката.