Нејмар беснеел на „Инстаграм“ по елиминацијата на ПСЖ

687

Најскапиот светски фудбалер Нејмар од трибините ја следеше сензационалната елиминацијата на ПСЖ во Лигата на шампионите. Манчестер Јунајтед со „пола“ тим успеа да стане првиот тим што успеал да се врати по 0:2 на домашен терен.

Многу коментари во наредните денови ќе предизвика одлуката на судијата Дамир Скомина да досуди пенал за Јунајтед, откако ја прегледа снимката, кога топката во раката го погоди Кимпембе.

Веднаш по завршувањето на натпреварот Нејмар на „Инстаграм“ кажал што мисли за судиите и ВАР-технологијата.

„Ова е срамно. Ставиле четворица што не се разбираат во фудбал да ја гледаат повторената снимка…Ова не постои!!! Па како може во ваква ситуација зад грб да ги стави рацете. Е…е се!!!“, напишал Нејмар.

Манчестер Јунајтед победија на „Паркот на принцовите“ со 3:1, благодарение на головите на Ромелу Лука и Маркус Рашфорд.