Откако беше потврдено по долгите шпекулации дека Маурицио Сари ќе го преземе Јувентус, во Неапол страстите не се смируваат.
Сега веќе поранешниот тренер на Челзи по само една година се враќа на Апенините, но овојпат во Јувентус, кој е најомразен клуб на југот од Италија, од каде потекнува и самиот Маурицио Сари, а кој водеше жестока битка со Наполи против „Старата дама“ во Серија А.
Ангажманот на Сари во Јувентус боли повеќе и од трансферот на Гонзало Игуаин бидејќи Сари е роден во Неапол, неговите сограѓани имаа огромна почит за човекот кој им донесе преубав фудбал за време на својот тригодишен мандат во градот под Везув.
По официјализицијата на ангажманот во Јувентус, соседството на Сари е „вандализирано“. Во својот роден крај Балјони, Сари имаше плакета со следниот натпис:
„Тука е роден Командантот Маурицио Сари. Наполитанците му се благодарни на архитектот на убавината. Засекогаш наш Командант!“.
Споменатата плакета веднаш е тргната. Наполитанците сега својот Командант го сметаат за предавник, ќе биде и тоа како жешко по враќањето на Сари во својот роден град следната сезона во Серија А.