NBA колумна на Димитар Младеновски-Моќен старт на Лејкерси (ВИДЕО)

547

Лос Анџелес Лејкерс поведоа со 1-0 во финалната серија од Западната конференција против Денвер Нагетс добивајќи го првиот натпревар убедливо (со 126-114). Лејкерси предводени од својот крилен центар, Ентони Дејвис како и балансираниот напад успеаа да ја превземат контрола уште на самиот старт на мечот.Првиот дуел помеѓу овие два тима изобилуваше и со многу цврста игра, како и многу прекршоци. Тимот од “градот на ангелите” го оправда епитетот на фаворит во оваа серија.Ентони Дејвис постигна 37 поени во победата, имаше и 10 скока и 4 асистенции. Одлично изненадување беше играта на Кантејвиус Колдвел-Поуп кој уфрли 18 поени, Леброн Џејмс имаше 15 поени и 12 асистенции. Кај Денвер, Џамал Мареј и Никола Јокиќ постигна по 21 поен, остатокот од тимот потфрли и логично, конечниот резултат во ниеден момент не беше доведен во прашање.

NBA FAN

Димитар Младеновски