На официјалната фан-страница на Вардар на Фејсбук, под објавата за поразот во Брест, во моментот на објавување на овој текст имаше 85 коментари. Огромен процент од нив беа со иста порака – Алушовски да си даде оставка.
Причината за незадоволството, иронично, доаѓа затоа што Вардар, конечно, одигра добро. Покажа дека и во овој подновен состав има „штоф“ за добри натпревари, меѓутоа во последните четири минути од натпреварот го загуби водството, а со него и натпреварот. Сето тоа ги потсети навивачите на начинот на кој Еурофарм Работник загуби неколку натпревари минатата сезона исто така под водство на Алушовски, па му се нафрлија на некогашниот репрезентативец.























![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)




















