Некои заминаа некаде во Македонија, некои заминаа надвор од границите на територијата кај нашиот јужен сосед.
Во вестите на вистина.ком.мк имавте прилика да ги видите познатите дами облечени во бикини.
Лила Филиповска, Марјана Станојковска, Јелена Спенџарска и многу други дами веќе фаќаат боја и уживаат на некоја егзотична дестинација.
Пејачката Наташа Малинкова исто така се соблече во црн костим за капење, па на плажа позираше во различни пози.
Таа го покажа нејзиниот изглед, а нејзините следбеници не се штедеа, па и испратија неколку позитивни коментари.
Веруваме дека Малинкова ќе ги наполни батериите за следните активности и ангажмани.