НАШИТЕ ПРВИ СОСЕДИ СЕ ТЕШКИ СИРОМАСИ, НО САМО ТИЕ ДОЈДОА ДЕНЕС ВО БОЛНИЦА! ТЕ МОЛАМ БОЖЕ ПОМОГНИ МИ!

191

Нашите први соседи се тешка сиромаштија. Колку и да се трудат нешто да направат, како да се проколнати, ништо не им оди од рака. Живеат во разрушена куќа и единствено што Бог им дал, тоа се нивните деца.

Имаат четири сина и две ќерки. Тоа се прекрасни деца, меѓутоа, многумина тука од соседството кога ќе ги видат, им ја вртат главата. Ги нарекуваат со погрдни имиња иако никому ништо лошо не му направиле. Честопати во училиште ги задеваат и ги тепаат, само затоа што биле сиромаси.

Јас и мојот сопруг им помагаме колку што можеме, често им ги плаќаме комуналиите, им купуваме нешто храна, некои основни намирници, ништо премногу, зошто и ние не сме некои богати.

За возврат никогаш ништо не сме побарале. Тоа го правевме од сожалување кон децата.

Меѓутоа, пред неколку месеци нашиот помлад син се разболе, му откажаа бубрезите и мораше да започне да оди на дијализа. Тоа беа тешки моменти за нас.
Докторите ни советуваа дека потребно е да се направи трансплантација, додека е сè уште млад и да најдеме повеќе потенцијални донори за да ги направат потребните анализи.

Кога ова им го раскажавме на нашите соседи, тие веднаш се согласија и рекоа дека ќе дојдат со нас во болница и ќе ги земат со нив сите шест деца. Рекоа дека “Ваљда еден од нас ќе може да помогне”.

Мислевме дека до следниот ден ќе се предомислат, но еве ги денес, сите дојдоа да дадат крв.

Она што најмногу емотивно ме погоди, е тоа што никој од нашите пријатели и роднини на кои им се јавивме, никој не дојде.

Никој не реагираше на нашата молба, а под “Никој” мислам на нашите браќа, сестри… Никој не сака да си го ризикува животот за да го спаси мојот син. Но, тоа е животот, веројатно така требало да се случи. Од сите што ги замоливме, на крај дојдоа само нашите соседи, сосе нивните деца.

Само се надевам и го молам Бога, мојот син да не го помине остатокот од животот на дијализа и да се покаже дека мојот бубрег најмногу одговара. Тогаш ќе бидам 100% среќна. Те молам Боже, исполни ми ја оваа желба!