Нашата планета е во „трета брзина“: Нешто се случува под површината, Северниот пол се оддалечува од Канада и се движи кон Сибир!

349

Северниот пол забрзано се поместува и се оддалечува од Канада, а научниците засега немаат одговор на прашањето зошто се случува тоа.

Поради пореметувањето на Земјиното магнетско поле длабоко под површината на Земјата, течниот метал се врти околу своето јадро и предизвикува одвојување на Северниот пол од Канада кон Сибир.

Иако ажурирањето на Светскиот магнетски модел на кое ќе се измени положбата на Северниот пол не е планирано пред 2020-та година, со оглед на тоа што Северниот пол одеднаш се помести, истражувачите ќе мора да ги направат измените порано од планираното.

Од 15-ти јануари ќе биде ажуриран Светскиот магнетски модел кој го опишува магнетното поле на планетата и врз неговите податоци работат сите модерни ГПС системи, односно од навигациските ситеми со кои што се управуваат бродовите на море, па се до мапите на Гугл на нашите паметни телефони.

Арнолд Шалиат, геометар од Универзитетот Колорадо, изјави дека „грешките константно се зголемуваат“.

„Фактот дека Северниот пол се движи забрзано, го прави сето ова подложно на грешки“, изјави тој.

Истражувачите тврдат дека Северниот пол се движел со брзина од 55 километри во текот на една година, но во последните години тој процес се забрзувал. Иако не постои јасно објаснување зошто ова се случува, научниците веруваат дека причина за тоа може да биде големиот слој на течен метал кој што се поместува во внатрешноста на Земјата.

„Брзото поместување на северното магнетно поле можеби е поврзано со големата брзина на течниот млаз под Канада“, сметаат научниците.

Фил Ливермор од британскиот Универзитет во Лидс, смета дека слабее магнетното поле под Канада, што всушност значи дека Канада ја губи „магнетната битка“ со Сибир.