Наредено е постарите од 60 години да не се ставаат на респиратори: Израелски доктор откри каква е ситуацијата во Италија

512

Израелскиот доктор Гаи Пелег откри дека во северна Италија е издадена наредба за постарите лица од 60 години кои се заразени со коронавирусот, да не бидат ставени на респиратори.

Италија ја надмина Кина по бројот на починати од коронавирусот – забележани се речиси 5 илјади смртни случаи откако пандемијата ескалираше во оваа земја.

Израелскиот доктор Гаи Пелег кој моментално работи во болница во италијанскиот град Парма, изјави за „Канал 12“ дека ситуацијата драстично се влошува затоа што бројот на пациенти и натаму расте.

Со оглед на тоа што неговото одделение ги прима најтешките случаи, фокусот бил на тоа на пациентите да им се овозможи уште еднаш да се видат со своите најблиски и покрај строгите забрани и карантинот.

Пелег меѓу другото изјави дека ситуацијата е толку лоша, што неретко се издаваат наредби на респиратори да не бидат ставани лицата постари од 60 години, затоа што бројот на ваквите машини за вентилација е ограничен.