Владо Јовановски, Богдан Илиевски, Игор Дурловски и Борис Дамовски само за кажан збор се обвинети за тероризам, рече адвокатот Донче Наков во воведниот збор за случајот “Крвавиот четврток”.
– Доколку сметале колегите од обвинителството дека пишаниот збор е кривично дело, можеле да го опфатат со друг член, но и и со тероризам, истакна Наков.
Тој говорите на обвинетите, кажани на 27 април 2017 година пред Собранието, со кои според обвинителството ја разгореле толпата, ги нарече поблаги дури и од говорите на Шарената револуција, на протестантите пред Калето или на СДСМ пред Владата.
-Обвинителството го обвинува Илиевски дека со една реченица ја разгорел насобраната толпа за да влезе во Собранието. Но, оваа реченица е кажана дури 40 минути пред народот да влезе во Собранието. Потоа следуваат смирувачки пораки и дури им вели на луѓето да седнат, исткна Наков.
За актерот Јовановски пак истакна дека во своите говори секогаш кажувал цитати и мудри мисли од историски личности и пеел песни.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















