До Државната изборна комисија преку веб апликацијата www.dijaspora.sec.mk до денеска до 12 часот се пријавиле 1.459 граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство за претстојниот референдум. Најголем е интересот за гласање на македонските иселеници во Берн и во Љубљана.
Од нив, како што соопшти денеска од ДИК, 1.431 пријави се прифатени, 27 се одбиени, а една пријава е во обработка.
Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 160, во Љубљана – 105, во Лондон – 93, и во Торонто – 88.
Најмал број пријави поднесени се за гласање во Атина, Киев, Њу Делхи, Подгорица, Приштина и Тирана – по една пријава.
ОД ДИК информираат дека дополнително ќе излезат со информации за податоците од јавниот увид во избирачкиот список.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















