Најевтиниот електричен автомобил се произведува во Кина и чини околу илјада евра, а може да си го порачате на Алиекспрес

806

Најевтиниот електричен автомобил на светот чини околу илјада евра и можете да го нарачате преку „Алиекспрес“.

Овој автомобил преку интернет го нарачал американскиот новинар Џејсон Торчински и според него, автомобилот „Чангли“ е целосно функционален и нуди повеќе од очекуваното.

Цената на овој автомобил стартува од 930 долари, но без батерии, додека пак со батерии чини 1,200 долари, односно нешто повеќе од илјада евра. Со дополнителните трошоци за транспорт и царина, американскиот новинар го платил околу 3 илјади долари.

Автомобилот инаку изгледа како и секој друг „микроавтомобил“, долг е 2,5 метри, а меѓуосовинското растојание изнесува 1,48 метри. Има носивост од 300 килограми, место за 3 патници, а со едно полнење на батериите кое трае од 7 до 10 часа може да вози од 40 до 100 километри.

Максималната брзина изнесува 30 километри на час, а новинарот кој го купи забележал дека има проблеми на нагорнини кога вози со брзина на просечен пешак.

„Чангли“ меѓу другото ја има основната опрема како и секој друг автомобил – брисачи, греење на кабината, па дури и мултимедијален екран.