Шпанскиот тенисер Рафаел Надал смета дека во тенисот има помалку допинг за разлика од другите спортови.
– Во сите спортови има луѓе кои мамат, но мислам дека во тенисот досега немало сериозни случаи на допинг. Воглавно тоа е многу поретко отколку во другите спортови, иако и за нас контролите се строги и мораме да бидеме достапни за проверки во текот на целата година без разлика каде се наоѓаме, истакна Надал за италијанскиот весник „Газета дело Спорт“.
Според шпанскиот тенисер, освен допингот, горлива тема во спортот се и наместените натпревари.
– На малите турнири веројатно тој проблем постои, но не и на големите натпреварувања. Мислам дека АТП кон оваа тема пристапи многу сериозно, наведе Надал.
Актуелниот најдобар тенисер во светот досега има освоено 17 гренд слем титули.
Сите вести за спорт прочитајте ги тука