МЗТ Скопје е во АБА1, Македонија без тим во АБА2

66

ја изгуби лиценцата за настап во АБА, со што македонскиот шампион како третопласиран во последната сезона во АБА2 доби шанса следната сезона да биде дел од елитата. МЗТ со години беше редовен учесник во АБА1, се додека пред две сезони не испадна како последнопласирана екипа во регуларниот дел од сезоната.

Во АБА2 Македонија нема да има свој претставник, откако се потврдени сите учесници. Порано денеска стигна информација дека Работнички одбил учество во АБА2, додека Гостивар и Куманово кои велеа дека се заинтересирани за учество во второто по ранг натпреварување, немаа испратено официјална апликација за учество.

Тоа значи дека во АБА2 следната година ќе има по четири клуба од Србија и Црна Гора. Српски претставници ќе бидат Младост Земун, Нови Пазар, Слобода Ужице и Златибор Чајетин. Црна Гора ќе ја претставуваат Подгорица, Студентски центар, Сутјеска и Ловчен. Покрај нив ќе бидат и словенечкиот Хелиос, хрватска Горица, како и Широки Бријег и Спарс Сарајево од Босна и Херцеговина.