Митови и верувања за кои науката докажа дека се вистинити

980

Не ја ставај чантата на подот, нема да имаш пари. Во затворена просторија не го оставај чадорот отворен, носи несреќа. Напиј се чаша млеко за подобро да спиеш и други „предупредувања“ од старите на кои најчесто реагираме со потсмевање бидејќи ни звучат смешно и суеверно, но во продолжение прочитајте за неколку „суеверија“ за кои научно е докажано дека се точни.


Пилешката супа е лек

Сите сме слушнале од нашите баби дека ако сме настинати треба да јадеме пилешка супа. Научниците откриваат дека ова е точно. Иако пилешката супа нема да не` излечи, сепак ќе ублажи некои од симптомите. Научно е докажано дека супата навистина може да ја забави активноста на белите крвни зрнца кои се одговорни за воспаленија и болести.

Жените кои раѓаат момчиња имаат потешко породување

Ирско истражување од 2003 година докажува дека во овие случаи има повеќе итни царски резови. Причината за тоа лежи во фактот дека момчињата тежат повеќе од девојчињата.

Едно јаболко на ден

Едно британско истражување од 2013 година покажува дека сите Британци постари од 50 години секојдневно јадат по едно јаболко на ден со што спречуваат 8.500 срцеви и мозочни удари секоја година.

Чоколадото ги намалува предменструалните грчеви

Излегува дека силната потреба за чоколадо и благо пред почетокот на менструалниот циклус всушност е поттикната од физиолошки причини. Истражувањата покажуваат дека чоколадото содржи хранливи состојки и антиоксиданси како анадамид кој има смирувачки ефект и ја одржува болката во рамнотежа со остатокот од расположението.

Жешката вода ја оштетува спермата

Ако се обидувате да забремените, тогаш потрудете се вашиот маж да не влегува во жешка вода пред самиот однос. Ова нашите баби го знаеле од одамна, а науката неодамна го докажа.

Икањето во текот на бременоста е знак дека бебето има доста коса

Овој мит го докажаа докторите од Балтимор. Тие спровеле истражување за да го побијат верувањето, меѓутоа истражувањето го докажало токму спротивното. Икањето навистина е предизвикано од растот на косата на бебето.

Полна месечина

Стотици години наназад се прераскажува приказната дека децата „полудуваат“ кога месечината е полна. Но и дека луѓето и животните го менуваат расположението кога е полна месечина. Истражувањето покажа дека луѓето потешко спијат дури и кога ќе ги спуштат ролетните во спалната соба.

Клинот се избива со клин

Доколку сте претерале со пиење и другиот ден сте мамурни, тогаш треба да се напиете нешто жестоко за да се ослободите од мамурлукот – токму ова го потврди науката која докажа дека консумирањето на мали колични на алкохол може да го олеснат мамурлукот. Но ова може да придонесе за зависност од алкохол, па ако се сетите дека сте претерале со пиењето – напијте се чаша вода пред одењето вов кревет.

Броењето овци помага полесно да заспиете

Старите жени на децата кои не можат да заспијат им велат да ги затворат очите и да започнат да бројат овци. Ова и тоа како е вистина. За доказ не се потребни научни истражувања. Ова исто така помага да ги одвратите мислите од стресните рамзислувања и анскиозноста кои често се поврзуваат со несоницата.

Сирењето предизвикува чудни соништа

Долго време се верувало дека станува збор за мит – но ако јадете сирење пред спиење, ќе сонувате чудни соништа. Во едно истражување биле тестирани 200 испитаници кои јаделе сирење пред да си легнат – повеќето потврдиле дека навистина имале чудни соништа.

Мрсната риба навистина е храна за мозокот

Врската помеѓу омега 3 масните киселини и мрсната риба навистина постои и е добро позната. Докажано е дека мастите кои се наоѓаат во рибата ја подобруваат врската меѓу мозочните клетки и со тоа ја подобруваат работата на мозокот. Едно истражување покажува дека со редовно консумирање на риба, мозокот расте.