Египетското министерство за антиквитети потврди дека не е пронајден гробот на војсководецот Александар Македонски, откако го отвори мистериозниот саркофаг пронајден во Александрија.
Саркофагот е стар 2 000 години и ги покрена шпекулациите во локалните и светските медиуми дека во него би можело да се наоѓаат посмртните останки на Александар Македонски. Сепак, во него биле пронајдени три мумии за кои се верува дека биле членови на едно семејство.
Градежни работници минатиот месец случајно го пронајдоа саркофагот од црн гранит, на градилиште за станбена зграда во историскиот град Александрија. Саркофагот кој тежи 30 тони е најтешкиот саркофаг што некогаш е пронајден во овој град.
„Откривме костури на тројца луѓе и се чини дека станува збор за семејна гробница. За жал, мумиите не се во најдобра состојба и останале само коски“, рече Мостафа Вазири, секретар на министерството.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











