Миле Кузмановски: „Љубовта кон ќерките ми е мотив за новиот албум!“

376

„Животот со три девојчиња дома умее да биде забавен, и благодарен сум за се што имам, за секој нов ден поминат во љубов и семејна хармонија…“

Фолк ѕвездата Миле Кузмановски го подготвува својот десетти по ред албум. За „Фокус“ раскажува дека со нескриен жар работи на новите материјали, а дел од песните кои ќе се најдат на новиот албум веќе биле снимени.

„Последниот албум ’Крал без круна’ го снимив пред пред околу четири, пет години и задоволен сум од реакциите, од тоа што песните останаа да живеат. Обично, не сакам да коментирам во јавност пред некоја работа целосно да се заврши, но да, снимам нов албум“, рекол Миле Кузмановски за „Фокус“.

„Сега, на новите материјали исто така работам со одлична екипа, голем дел од авторите на песните се млади и надежни луѓе, значи со млади сили одам напред. Ќе има неколку балади, кои се неизоставен дел од мојот репертоар, но и побрзи, весели песни. Најверојатно, десет, можеби и повеќе ќе се најдат на албумот. Едвај чекам да влезам во студио, ќе започнеме со снимање на спот за една од новите песни, а во план ми е снимање и на повеќе спотови во иднина“, раскажува музичарот, познат во јавноста како изведувач на најубавите фолк балади.

Пред една година и три месеци со сопругата Јасмина ја доби својата трета ќерка. Од бракот со првата сопруга Верче, која не напушти во 2012 година ги има близначките Ана и Јана. Вели дека животот со три девојчиња дома умее да биде забавен, и како е благодарен за се што има, за секој нов ден поминат во љубов и семејна хармонија.

„Најмалата ќерка ја крстивме Ева. Името ни беше убаво и мене и на сопругата, нема некоја симболика. Таа има година и три месеци, а Ана и Јана се средношколки, учат медицина. Тие имаат по 15. години, и сите три ќерки се прекрасни деца на кои сум многу горд. Среќен сум со семејството, имаме мирен живот и слога. Убаво е кога човек и професионално и приватно е исполнет“, раскажала фолк ѕвездата.