Меси го „нокаутираше“ амбициозниот Лион, Ливерпул ја освои „Алијанц арена“

618

Лионел Меси успеа да му одговори на Кристијано Роналдо по блескавата партија која ја имаше Португалецот против Атлетико, откако аргентинскиот мајстор сам го реши амбициозниот Олимпик Лион кој дојде да се надигрува на „Камп Ноу“.

Резултатот беше отворен при еден спорен момент кога Суарез падна во шеснаесетникот на гостите, но судиите и со проверката на ВАР проценија дека има доволно елементи за најстрога казна. Прецизен реализатор беше Лионел Меси, а потоа следеше гол на Филипе Кутињо откако несебично доби топка од Луис Суарез. Барселона со својата отворена игра му оставаше простор на Лион за доста контри, па така гостите од Франција се вратија во игра во вториот дел со голот на Тусар. Лион се осоколи по дадениот гол и почна да напаѓач за втор гол кој математички можеше да му обезбеди пласман во четвртфиналето, но тоа мислење не го делеше Меси кој стапи на сцена во последните 12 минути. Најпрво со една бравура во шеснаесетникот зголеми на 3:1, а потоа им подели по една асистенција на Пике и Дембеле за конечни 5:1

На вториот меч кој се одигра оваа вечер, Баерн и Ливерпул одново водеа голема тактичка војна, но овојпат истата му припадна на англискиот премиерлигаш кој со 1:3 се пласираше меѓу осумте најдобри во Европа. Ливерпул поведе со голот Мане по грешката на Нојер, Матип си даде автогол пред крајот на првиот дел за 1:1, а прашањето околу патникот во следната рунда беше решен во вториот дел кога погодија Ван Дајк и Мане за 1:3.