Меланија сака развод

667

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија само што навршија 16 години во брак, а според поранешен помошник во Белата куќа, првата дама ја броела секоја минута до завршетокот на неговиот мандат за да може да го остави.

Извори за „Си-Ен-Ен“ минатата недела кажале дека Доналд и Меланија со години спиеле во различни одаи во Белата куќа и дека имале сосема различни дневни рутини и ретко се гледале. Истиот извор ја опишал како личност која едвај чека да се „одјави“ и да замине дома.

Обложувалниците веќе припремаат кладби за тоа кога Меланија ќе ги поднесе документите за развод.

Според њујоршки адвокат, Меланија би можела да добие до 50 милиони долари од разводот, како и старателство над синот Барон, кој наполни 14 години.

Богатството на Трамп од 3.1 милијарди долари во 2019 година падна на 2.5 милијарди во 2020.