Победничката на првото фото-натпреварување на руската Национална гарда никого не оставиле рамнодушен.
31-годишната Ана Храмцова со чин подофицер од Екатеринбург, победила на натпреварувањето, собирајќи најмногу гласови.
Убавата Ана е мажена, има едно дете, е дипломиран правник и има големо искуство во полициска работа. На овој конкурс победила во конкуренција од 1.000 други кандидати.
Ана доаѓа од воено семејство и била почестена што може да ја продолжи традицијата и да се занимава со оваа работа.
“Горда сум што ја продолжувам династијата. Ги слушам тие шеги за блондинките во служба, но ги игнорирам”, рекла таа. Работела во полиција, живее во Екатеринбург и е вешта со пушки и пиштоли.
“Најважно е мирно да извадите пиштол, да нанишаните и да издишете”, објаснила таа, истакнувајќи дека својот маникир го ускладила со оружјето.
Сега тренира и за бикини натпреварување, откако на тоа ја наговориле колегите и пријателите.
Инаку, учесничките пратиле свои најубави слики и биографиии, а околу 57.000 Руси гласале и ја избрале најубавата.
Руската Национална гарда брои околу 340.000 членови, а ја основал рускиот претседател Владимир Путин.