Масовна тепачка во Градската болница во Скопје: Насилници го нападнале персоналот и полицијата, болницата затворена

145

Поради масовна тепачка која ја предизвикале насилници на повик од незадоволен пациент, скопската болница „Св. Наум Охридски“ била затворена до раните утрински часови.

Околу 02:00 часот по полноќ, група на пијани лица ги нападнале болничките служби и полицијата, која била повикани на помош, во поранешна „Градска“ болница. Инцидентот се случил непосредно откако пациентот пристигнал во болницата со расекотина на раката, а потоа групата насилници започнала физичка пресметка со персоналот во болницата, докторката во паника избегала додека медицинската сестра и портирот биле претепани. По интервенцијата на полициската единица „Алфи“ алхохолизираните напаѓачи нападнале и еден полициски службеник дознава Нетпрес од свој извори.

„Имаше голем судир, нападнат е персоналот, обезбедувањето, а потоа беше нападната и полицијата која беше повикана на помош. Тоа беше голема група напаѓачи, немаме точна бројка, пациентот кој ги повика имаше повреда на раката. Настанот се случи околу 2-3 часот. Болницата е затворена за пациенти, за да се избегнат понатамошни инциденти. Кога пристигнав на работа утрово, побарав да се отвори за пациентите да бидат примени во болницата “, рече Иво Спировски, директор на Универзитетската клиника.